Владата на Црна Гора на сите граѓани постари од 50 години, кои примиле прва доза од вакцината против коронавирусот во јули, ќе им додели туристички ваучер во вредност од 50 евра.
“Веќе од крајот на јули, корисниците на ваучери ќе добијат СМС порака во којашто ќе биде назначено каде и во кој временски период ќе може да го искористат ваучерот, како и детали поврзани со резервација на хотелите“, соопшти црногорската влада.
Ваучерите ќе важат за хотели во Улцињ и Будва коишто своите капацитети ќе ги стават на располагање до крајот на август, а корисниците ќе добијат услуга од две ноќевања со појадок и вечера.
Фото: Pixabay