Пандемијата ги намали трошоците за автомобилско осигурување

72

Трошоците на автомобилското осигурување во Велика Британија се намалија во второто тримесечје на најниско ниво од 2016-та година поради рестриктивните мерки.

Британските возачи сега во просек за целосно осигурување плаќаат 522 фунти, што е за 12% помалку од минатата година.

Укинување на поголемиот дел од ограничувањата би можело да го промени трендот. Дури и без пандемијата, цените во секторот се под притисок поради регулаторните реформи. Британското регулаторно тело соопшти дека ќе преземе мерки за да ги заштити потрошувачите од таканаречени “казни за лојалност“, разлики во цени на полиси за осигурување на автомобили и недвижнини што им се нудат на постоечки и нови клиенти.

Со овие мерки потрошувачите во следните 10 години би можеле да заштедат околу 4,2 милијарди фунти.

Фото: Pexels