Откриена голема измама: Продавале коњско како телешко месо

135

Во Хрватска е регистрирано коњско месо со декларација дека е телешко, информира Европол, којшто половина година работел на истрага за трговија со лажни прехранбени производи, пренесува хрватски Дневник.

Коњското месо во продавници и на интернет се продавало како телешко, утврди истрага на агенцијата на Европската унија којашто на европските земји им помага во борбата против меѓународни измами и тероризам.

“Ние редовно ги менуваме европските закони, ги подобруваме и ги заоструваме за да спречиме фалсификување на храна, но за жал, секога има поединци кои се снаоѓаат. Лесно наоѓаат ‘дупки’ во законот“, објаснува Билјана Борзан, европратеничка.

Во акцијата наречена Opson X, којашто од декември лани до крајот на јуни оваа година е спроведена во Хрватска и уште 72 земји во светот, запленети се повеќе од 16.000 тони нездрава, расипана или нелегално преработени храна и пијалаци.

Освен месо во Хрватска најмногу фалсификати има и меѓу алкохолните пијалаци, а најмногу вино и вотка.

Фото: Pexels