Од што најмногу се стравува на финансиските пазари?

39

Новите варијанти на коронавирусот се на врвот на листата ризик фактори што предизвикуваат загриженост на финансиските пазари, а по нив следат инфлацијата и загриженоста за економскиот раст, покажува истражување на Deutsche Bank за јули.

Ширење на делта сојот предизвика загриженост на пазарите во последните недели и го зголеми сомнежот дека светскиот економски раст можеби и го достигна врвот.

Во истражувањето се вклучен околу 550 пазарни аналитичари на глобално ниво, а повеќе од 60% од испитаниците сметаат дека новите варијанти на заразата се поопасни за финансиските пазари одошто тоа што беше случај во април, кога коронавирусот беше на чело на листата како најголем ризик за финансиските пазари.

Стравот од инфлација во јули се најде на второ место, а потоа следи и загриженоста за економскиот раст. Поголемиот дел од испитаниците во јулското истражување наведуваат дека растот на инфлацијата се смета за привремен, а сличен став имале и во мај и јуни.

Околу 51% од испитаниците очекуваат инфлацијата во Европа во просек да биде меѓу еден и 2% во текот на следните пет години и дека нема да го надмине тоа ниво.

Фото: Pexels