Веќе четврта година по ред Алкалоид АД Скопје ги отвора вратите за учениците и за студентите кои изразија интерес ова лето да бидат дел од Програмата за млади таленти.
“Алкалоид АД Скопје ќе обезбеди менторска обука од врвни професионалци со долгогодишно искуство во компанијата, но, се разбира, и отворена можност практикантите да дадат сопствени идеи, да преземат одговорност и да се здобијат со дополнителни вештини. Компанијата им дава целосна поддршка на практикантите да го почувствуваат деловното опкружување, да учествуваат во секојдневните работни активности според однапред дефиниран развоен план, како и можност за идно вработување“, стои во објавата на официјалната страница на Facebook.
Фото: Facebook