За над 40% намален извозот на накит во 2020 година

40

Извозот на накит минатата година беше на ниво од 69,2 милијарди долари, што е за 40,1% помалку во споредба со 2019 година.

На чело на листата најголеми извозници на глобално ниво е Швајцарија со удел од 11,7% и заработка од 8,1 милијарда долари. Во првите пет извозници лани беа и: Кина (осум милијарди долари), Индија (7,7 милијарди долари), Хонгконг (6,3 милијарди долари) и САД (5,3 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на накит е Бугарија со 34,6 милиони долари. Потоа следат: Грција (29,2 милиони долари), Црна Гора (6,6 милиони долари), Словенија (6,4 милиони долари), Хрватска (2,2 милиони долари), Србија (1,9 милиони долари) и Босна и Херцеговина (993.000 долари).

Фото: Pexels