Испораката на паметни телефони во Кина се намали за 11% во вториот квартал од оваа година, најмногу поради намалената економска активност на Huawei поради американските санкции, покажуваат податоците.
Производителот на поевтини паметни телефони, Honor, којшто минатата година е издвоен од матичната компанија Huawei по санкциите, за првпат влезе меѓу петте најголеми производители во земјата иако неговите испораки се намалија за околу 46%, пренесува Ројтерс.
Фото: Pexels