Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2021 oваа година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,3% на месечно и за 7,3% на годишно ниво.
Во јуни 2021, во споредба со мај 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 2,5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.
Во јуни 2021, во споредба со јуни 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 13,3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 14,2%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8% и Капитални производи за 0,6%.
Фото: Pexels