Allianz купува облакодер од 1,4 милијарди евра во Франкфурт

55

Германската осигурителна компанија Allianz купила зграда од 233 метри во Франкфурт за 1,4 милијарди евра, што е нов рекорд во Германија, објавуваат тамошните медиуми.

Облакодерот којшто е во изградба, е сместен во банкарскиот кварт на Франкфурт, инаку којшто важи за финансиски центар во Германија, ќе биде трета најголема зграда во земјата по седиштето на Kommercbank од 259 метри и саемската кула Messeturm висока 256,5 метри, којашто, исто така, се наоѓа во Франкфурт.

Allianz го купи облакодерот заедно со баварската јавна осигурителна компанија Versorgungskammer.

Две третини од деловниот простор во зградата е издаден уште пред да биде официјално отворен, најмногу на банкарски и консултантски компании.

Се очекува зградата да биде завршена во 2024-та година.

Фото: Pexels