Германскиот производител на луксузни автомобили Audi постигна рекордна продажба на возила во првата половина од годината, но предупредува дека тесните грла во испораката на полупроводници и зголемените трошоци за суровини може да ги притиснат резултатите во втората половина.
Подружницата на Volkswagen испорача 982 илјади возила во првите шест месеци и оствари приход од продажба од 29,2 милијарди евра, што е за 43% повеќе отколку во истиот период минатата година. Добивката пред оданочување изнесуваше 3,87 милијарди евра.
Главниот финансиски директор Јуерген Ритерсбергер рече дека и покрај оптимизмот за втората половина годинава, не очекува резултатите да бидат толку добри.
Фото: Pixabay