Во Австрија хотелиерите и угостителите имаат еден голем проблем во текот на летото, а тоа не е недостигот на гости, туку недостигот од работна сила.
“Принудени сме ова година да не го отвориме нашиот ресторан, бидејќи не можеме да ја најдеме потребната работна сила. Инвестиравме многу во објектот, што го отворивме минатата година, а би имале многу гости. Но, можеме да искористиме само 20% од нашите можности“, рекол Ото Гросегер, хотелиер од Австрија.
Тој во изминатата година инвестирал околу 2,5 милиони евра во своите апартмани и пансиони, но има голем проблем да најде работници.
“Изгубивме 50% од нашите странски гости, бидејќи оваа зима не можевме да отвориме“, додава Гросегер.
Голем дел од вработените во тој сектор се доквалификувале и почнале да работат нешто друго.
Со тој проблем се соочуваат многу хотелиери и угостители во Австрија, а податоците покажуваат дека само во јуни од тамошната агенција за вработување побарале 1.964 работници.
Фото: Pexels