Чија акција беше најтгрувана во јули?

129

Акциите на Комерцијална банка го имаат приматот најтргувани акции на Официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Месечниот статистички билтен на берзата.

Според податоците, со акциите на Комерцијална банка се реализирани 610 трансакции, направен е промет од 3,6 милиони евра и зафаќаат 48,77% од вкупниот промет на Официјалниот пазар на берзата во јули.

Меѓу петте најтргувани акции во јули беа и оние на Реплек (27 трансакции и 15,03% учество во вкупниот промет), Алкалоид (151 трансакција и 9,87% удел во прометот), Гранит (136 трансакции и 9,42% учество во вкупниот промет) и Макпетрол (94 трансакции и 5,90% удел во вкупниот промет на Официјалниот пазар на берзата во јули).

Најголем пораст во текот на минатиот месец имаа акциите на Либерти Скопје со 17,31% и просечна цена од 61 денар на крајот на јули. Потоа следат акциите на: Комерцијална банка (10,55%), Цементарница Усје (10,34%), НЛБ Банка (5,40%) и Кристал 1923 Велес (2,74%).

Од друга страна, најголем пад на вредноста на акциите во јули имаше Скопски пазар со -41,96%. Меѓу петте акции со најголем пад минатиот месец беа оние на: Централна кооперативна банка (-14,29%), Мермерен комбинат Прилеп (-12%), Реплек (-6,03%) и Фершпед (-3,03%).

Фото: Facebook