Aтинска берза купува над 10% од акциите на Белградска берза

80

Атинската берза доби согласност од Комисијата за хартии од вредност на Србија за стекнување 10,24% од вкупниот број на акции на Белградска берза, со што пазарите на капитал на Србија и Грција ги здружуваат силите за да може заеднички да ги искористат можностите од забрзаната глобализација.

Белградската берза донела и одлучила да ги унапреди своите платформи за тргување и миграција на активностите на платформата на Атинската берза. На тој начин, како што наведуваат од Белградската берза, ќе биде унапредена ликвидноста и распонот на услуги на заедничка платформа за тргување.

Сите учесници на пазарот ќе имаат можност да остварат корист од проширување и продлабочување на двата пазари на капитал и со вкрстено тргување.

Во следната фаза, Белградската и Атинската берза ќе имаат тесна соработка со српското Министерство за финансии за понатамошен стратешки развој на српскиот пазар на капитал.

Според директорот на Атинската берза, Сократес Лазаридис, учеството на Белградската берза на заедничка платформа со Кипарската и Атинската берза ќе значи нов чекор кон долгорочно одржливо работење и унапредување на заедничката ликвидност.

Фото: Pixabay