Министерството за финансии соопшти дека ја откажа за закажаната аукција на државни хартии од вредност, што е втора аукција на државни хартии од вредност која се откажува во последно време.
Како што наведува министерството, целта на откажувањето е да се излезе во пресрет на бизнис заедницата и да се подигне ликвидноста на стопанството, секогаш кога ќе има простор за тоа.
Министерството за финансии ја откажа и претходната аукција, која беше закажана за 25 јуни. Олеснителна околност за овие две аукции е тоа што согласно календарот не достасуваа за враќање аукции издадени во претходен период.
Во соопштението се додава дека Министерството за финансии и Владата на Република Македонија остануваат посветени на поддршка на стопанството во време на европска економска криза.