Сникерс повлече реклама

304

Познатиот бренд за слатки Сникерс, повлече контроверзна ТВ реклама во Шпанија, бидејќи беше жестоко критикувана за хомофобија.

Рекламата од 20 секунди прикажува двајца мажи во кафуле, а еден од двајцата носи розова маица, долга коса, зборува феминистички и испраќа бакнежи до келнерот. Исто така, се посочува дека човекот што ја зема чоколадната лента во рекламата бара од келнерот “секси сок со витамини А, Б и Ц“.

Келнерот, сепак, му нуди сладолед Сникерс, додека пријател го прашува: “Дали е подобро сега?“. По залак на уживање, феминизираниот маж станува мажествен, со брада, кратка коса и одговара: “Подобро“.

Ова видео е придружено со добро познатиот слоган на брендот: “Кога сте гладни, не сте  свои“ или на шпански: “No eres tu cuando tienes hambre“. Видеото стана вирално минатата недела и се прошири на социјалните мрежи, пред се на Тwitter, а некои повикаа на бојкот на Сникерс.

Брендот, кој е дел од американската компанија Маrs, се извини за секое “недоразбирање што може да е предизвикано“. Сникерс Шпанија во четвртокот соопшти дека ја брише рекламата.

Фото: Facebook