На британскиот пазар на недвижности неочекувано се појави дворецот Лимп кој се наоѓа во округот Кент.
Се работи за дворец од 13 век, кој во изминативе дваесет години се користел за свадби и други настани. Освен живеалиште на благородништвото, претходно се користел како воен објект. За време на Втората светска војна се користел за набљудување на нацистичките V1 ракети кои Британците се обидувале да ги соборат. По војната бил купен од Хенри Бихам, кој доградил кула.
Дворецот нуди прекрасен поглед на Ламанш, го посетувале бројни познати личности, премиери и музичари, а Пол Макартни со својот бенд Wings таму сними дел од албумот Back To The Egg.
Сегашниот сопственик Роберт Тајлор го купил замокот во 2011 година и сега го продава за 11 милиони фунти.
Фото: Facebook