5 НАЈДОБРИ ФИНАНСИСКИ СОВЕТИ: Еве на што нѐ учи искуството на „обичните луѓе“

292

Малкумина знаат како соодветно да управуваат со парите, дури и ако имаат добар (над просечен) приход. Од друга страна, постојат исклучоци што можат да направат оптимална пресметка, па и да заработат малку.

Постојат некои финти што ги знаат само професионалци, но и оние што може да ги сфати секој лаик. Не мора да ја знаете берзата, „сувата“ економија и да ги следите движењата на економскиот пазар за попаметно да управувате со парите.

Си -Ен -Ен издвојува неколку клучни финансиски совети, од искуствата на „обичните луѓе“, кои ги прашаа „Кој е најдобриот финансиски совет што некогаш сте го добиле?“.

Не го бркајте само покачувањето, туку и заштедете 50 проценти од него

Секој пат кога добивате бонус на работа, или покачување од време на време, особено ако работите во компанија каде што ви се плаќа делумно фиксно, а делумно според перформансите – обидете се да ги заштедите тие „дополнителни“ пари на страна. Сигурно можеше да живееш без него порано, нели?

Ако не можете да платите за нешто во целост – не купувајте

Кредитните картички треба да се користат мудро, кога е потребно, и кога навистина ви се потребни, а не да купувате скап капут или нешто слично. На многумина им се случило да „купуваат на рати“ до исцрпување, а потоа нивните месечни рати да бидат како една просечна плата.

Никогаш не е доцна за инвестирање

Не оптоварувајте се со вашата возраст, професија или достигнувања досега. Некои луѓе одлучуваат да инвестираат кога ќе наполнат 40 или 50 години, па дури и подоцна.

Направете план за сите ваши трошоци, вклучувајќи ги и трошоците за забава

Не е паметно да се откажете од се, бидејќи туа е како кога си на диета: ќе издржиш до одреден момент, а потоа ќе почнеш да се прејадуваш. Значи, така ништи не сте направиле. Вашиот буџетски план не треба да биде строг, туку продуктивен.

Решете ги финансиите за пензија на време

Општо е познато во Америка колку ефикасно работат приватните фондови и луѓето почнуваат да штедат за подоцнежните денови – веќе во дваесеттите години, односно штом ќе ја најдат својата прва или втора работа. Без разлика колку пензија имаат подоцна, оваа долгорочна заштеда е секогаш мудра идеја.