Цената на нафтата од 65 до 75 долари за барел е поволна и за производителите и за потрошувачите на нафта, смета претседателот и ко-сопственик на Лукоил, Вагит Алекперов.
Во исто време, тој предупредува дека високите цени на нафтата носат ризик од колапс на пазарот.
“Не би сакал цените на нафтата повторно да достигнат повеќе од 100 американски долари за барел, бидејќи тоа може да ги стимулира инвестициите во ниско -профитабилни, неефикасни проекти, а потоа повторно да доведе до она што веќе го поминавме – колапс на пазарот“, рече Алекперов.