PayРal објави дека ќе ја купи водечката платформа за плаќање во Јапонија, Paidy, за 2,7 милијарди долари. Оваа платформа им нуди на потрошувачите плаќање преку Интернет и плаќања “купи сега, плати подоцна“.
Јапонската компанија, основана во 2008 година, има шест милиони корисници и веќе привлече 400 милиони долари инвестиции. Меѓу инвеститорите беа американската банка Goldman Sachs и компанијата на PayРal за приватен капитал PayРal Ventures, пренесува француската новинска агенција АФП.
Се очекува трансакцијата да биде довршена во последното тромесечие од годинава, откако ќе добие зелено светло од регулаторите.
PayРal вели дека имаат повеќе од 4,3 милиони активни корисници во Јапонија, каде што се присутни од 2010 година.