Видео: Ѕирнете во најскапата куќа во светот

210

Мохамед бин Салман стана најмоќната фигура во светскиот фудбал во моментот кога одлучи да го купи англискиот клуб Њукасл.

Богатиот саудиски принц покрај фудбалскиот клуб, ја поседува и најлуксузната и најскапата куќа на планетата.

Тој во 2015 година купи прекрасен замок вреден 270 милиони евра, што е речиси исто колку што даде пари за купување на Њукасл, за што плати 350 милиони евра.

Замокот Луј XIV, завршен во 2011 година, бил изграден во стилот на француските замоци од 17 век и целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.

Винарска визба, внатрешни и надворешни базени, еден специјален со голема риба, ноќен клуб, соба за медитација и релаксација, кино, терен за сквош, соба во аквариум…

Куќата е полна со скапи уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи Salvator Mundi вредна 400 милиони евра, што значи дека платил повеќе од фудбалскиот клуб.

Исто така, замокот има десет луксузни спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за балови и други свечености.