Најголемиот авто-мото настан под отворено небо во нашата земја, Авто Плус Street Show, ќе се одржи овој викенд, на 16 и 17 октомври
Иако првично закажан за претходниот, Авто Плус Street Show 2021 ќе се одржи престојниот викенд, во сабота и недела на 16 и 17 октомври. Причината за тоа се временските услови, а викендот кој е пред нас е единствениот сув викенд во календарот. Тоа значи многу нови автомобили и мотоцикли, промоција на електромобилноста и секако премиера на нови модели на македонскиот пазар.
Во отсуство на вистински автомобилски настани во Македонија, Авто Плус Street Show пристигнува како авто-мото саем под отворено небо, а веруваме дека по првото издание во 2019 година, овојпат ќе го издигнеме настанот на уште поголемо ниво. Местото на одржување останува исто, а тоа се големите паркинзи на СЦ Борис Трајковски, каде на површина од 7.000 квадратни метри ќе имаме присутни повеќе од 40 брендови од автомобилската и индустријата на мотоцикли, спорт кампинг опрема, пневматици и нега… подржани од банкарската индустрија.
Како дел од репертоарот кој го имаме подготвено, најавуваме и премиера – презентација на новите модели на македонскиот пазар по теркот на светските автомобилски салони, каде излагачите ќе кажат збор-два за новитетите, а посетителите токму на овој настан ќе можат за првпат во живо(Live stream) да ги видат овие нови модели. Меѓу нив и новите Porsche Macan, Škoda Kodiaq, Audi A3, Dacia Duster, Renault Megane Conquest, Hyundai i30, Ford Ranger, но и неколку нови АТВ возила, четирицикли, електрични мотоцикли и велосипеди меѓу кои и Greyp Spirit, Horwin EK1, CFMOTO 1000, како и Gazelle Next комерцијалните возила и многу други. Покрај ова, ќе имате можност да се запознаете и со понудата на компаниите кои работат во секторот на автомобилска галантерија и додатоци за возила.
Викенд забава со убавиците на две и четири тркала!
Ваше е само да донесете насмевка и добро расположение, а ние ви ветуваме дека ќе ви приредиме еден одличен авто-мото викенд исполнет со богата содржина. Викендот кој ни претстои ни носи поволни временски услови за дружба, а настанот се поклопува во ист ден со избори, па по извршувањето на својата граѓанска должност, придружете ни се на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски. За да не останете гладни, на настанот ќе има и некое парче скара и точено Скопско, а за да останете будни во текот на целиот настан, присутни ќе бидат момците од Вело Кафе.
Бидете дел од овој алтернативен начин за презентирање на нови, еколошки, технолошко напредни возила и настан кој најавува потенцијал да прерасне во една прекрасна традиција. Впрочем, Авто Плус со Изборот за Автомобил на Годината (од 1995) и Златно Тркало (од 2018) покажа дека е лидер кога станува збор за креирањето на настаните за македонската автомобилска индустрија. Затоа, нема причина поради која сите автомобилски ентузијасти, фанатици, вљубеници во убавиците на 2 и 4 тркала, како и сите љубопитни луѓе не би не посетиле. Бидете дел од најголемиот авто-мото настан кај нас – Авто Плус Street Show 2021, ве очекуваме.
Преземено од Аvtoplus.mk