Ѕирнете во дизајнерското студио на Lada каде се создава новата Niva

130

Рускиот производител AvtoVAZ ги отвори вратите за пошироката јавност на своето дизајнерско студио откривајќи притоа интересни детали

Производителите обично ги држат затворени вратите од нивните дизајнерски студија со цел да ги зачуваат своите тајни кога станува збор за идните модели. Некогаш, сепак, добиваме шанса да погледнеме како дизајнерите работат, а токму ова е случајот со овие видеа (за жал на руски јазик) кои откриваат што се случува во таборот на AvtoVAZ, односно Lada.

Дизајнерското студио е лоцирано во центарот на Москва и вработува 14 лица – седум дизајнери и седум моделари. Неговата локација е одлична за наоѓање нови таленти од дизајнерските училишта како што е Политехничкиот универзитет во Москва, чии дизајнерски студенти можат да добијат пракса и вработување во Lada.

Во видеото објавено на YouTube, можеме да го видиме релативно младиот дизајнерски тим на AvtoVAZ на дело презентирајќи неколку интересни проекти. Тука е вклучен и еден мошне интересен оф-роуд модел со извајано тело и купе елементи дизајниран за 2030 година. Секако, ниту еден од цртежите кои се прикажани на камерата не се замислени за производство бидејќи се креирани како дизајнерски студии, а вистинските проекти на кои се работи остануваат тајна.

Новата Lada Niva се очекува во 2024

Кон крајот на видеото, презентерот вели дека не можат да го посетат третиот кат поради „таен“ модел, алудирајќи на новата генерација на Lada Niva која во моментов е во развој. Сепак, постои уште едно видо кое го прикажува вистинскиот прототип на култниот SUV скриен под бел чаршав.

Човекот кој се наоѓа во ова видео е Жан-Филип Салар, дизајнерскиот директор на Lada, кој се приклучи на компанијата во јануари годинава откако беше задолжен за дизајнот на Renault Arkana и речиси секој Dacia модел кој во моментов е на продажба. Како што може да се очекува, тој зборува за новата Lada Niva кој е мошне важен проект за брендот. Целосно новиот модел беше потврден претходно оваа година со цртеж. Се очекува да дебитира во 2024 и да биде базиран на CMF-B платформата на Renault групацијата.

Преземено од Avtoplus.mk