Seat ја претвори Ibiza во подвижен ноќен клуб

135

Ибица е шпански остров кој е најдобро познат по својот ноќен живот, особено во летниот период, а инспирирани од ова, Seat го претвори моделот Ibiza во ноќен клуб

Неодамна освежената Ibiza доби необичен третман од страна на шпанскиот производител Seat. Имено, компанијата го претвори својот мал адут во подвижен и минијатурен ноќен клуб, додавајќи му дополнително осветлување, диџејска опрема, па дури и мал бар. Оваа единечна и уникатна креација е создадена со помош на диџеј Woody Cook кој се приклучи на „ноќта на отворањето“ на автомобилот заедно со своите пријатели.

Претворањето на ова супер мини во „најмалиот ноќен клуб на Ибица“ можеби и не звучи како одлична идеја, но благодарение на изведбата, Ibiza е еден од автомобилите со најголема пространост во сегментот.

Зачудувачки, конверзијата не вклучува и специјален аудио систем. Наместо тоа, од Seat сметаат дека 300-ватниот Beats аудио систем кој функционира преку 9,2-инчниот инфозабавен екран е доволно добар за да ја заврши својата работа. Со цел да овозможи поголема слобода за диџејот, на контролната табла е додадена миксета поврзана преку USB.

Меѓу останатите модификации, тука се и големиот број на LED и строб светла во кабината, кои работат заедно со амбиенталното осветлување. Овие светла не би биле безбедни при возење, но со оглед на тоа дека Ibiza Nightclub е фиксиран при функционирањето, истите креираат атмосфера како во најдобрите ноќни клубови. Истовремено, кога забавата ќе заврши, мобилниот ноќен клуб може да биде пренесен било каде.

На крајот, не би бил вистински ноќен клуб без пијачки, па Seat го промени 355-литарскиот багажник во бар. Единствената лоша работа во целата ситуација е што патниците ќе мораат да излезат од автомобилот за да си добијат свеж пијалок.

Очигледно, Seat Ibiza Nightclub е маркетиншки обид на компанијата и ќе остане единечен примерок. За видеото, шпанскиот производител додаде и црвен тепих за гостите.

Преземено од Avtoplus.mk