Првиот чекор на компанијта Меta – паметен часовник што снима и фотографира

121

Компанијата Мeta, некогаш позната како Facebook, развива сопствен паметен часовник кој ќе може да креира фотографии и видеа. 

Со паметните часовници на Meta ќе може да фотографирате и да снимате видео, а Bloomberg објави фотографија кој го прикажува паметниот часовник со заоблени агли кој е сличен на Apple Watch.

Освен овие карактеристики, паметниот часовник има и куќиште од нерѓосувачки челик и нараквица која може да се одвои. Најверојатно овој уред ќе биде наречен Milan.

Meta планира да го претстави паметниот часовник во 2022 година, но засега нема официјални информации. Наводно се работи на три генерации на производи кои ќе бидат пласирани на пазарот во различни периоди.