Популарната апликација за инвестирање Робинхуд објави дека нејзиниот безбедносен систем бил пробиен минатата недела. Хакерите пристапиле до личните информации на околу седум милиони корисници и побарале откуп.
Платформата во соопштението наведува дека верува дека во нападот не биле украдени броевите на социјалното осигурување, банкарски сметки или кредитни картички и дека корисниците не пријавиле финансиски загуби, пренесува АП.
Се додава дека на повеќето корисници кои биле изложени на нападот им била земена само адресата на е-пошта или целото име. Робинхуд соопшти дека, по одбивањето на нападот, „неовластена страна побарала исплата на откуп“. Компанијата ја известила полицијата и истрагата за инцидентот е во тек. Сметката на платформата Robinhood има повеќе од 22 милиони корисници, а околу 19 милиони од нив активно ја користеле во текот на септември.