Дознајте нешто повеќе за симболизмот на познатите автомобилски логоа.
Mercedes-Benz
Своите аспирации да доминира на земја, небо и вода, Мерцедес ги претставува токму со своето познато лого – кругот поделен на три дела.
Toyota
Трите овали кои се поклопуваат ја симболизираат довербата помеѓу Тојота и потрошувачите, а третиот овал го претставува неограничениот потенцијал на компанијата.
Ford
Логото на Форд е сосема едноставно и компанијата не планира да го менува, со објаснение дека тоа е веќе препознатливо насекаде. Луѓето знаат дека Форд е симбол за одличен производ и добар бизнис за подобар свет.
BMW
Познатиот симбол на Бе-Ем-Ве произлегува од почетоците на компанијата како производител на авиони, за време на Втората Светска Војна. Белите полиња на кругот означуваат пропелер од авион, а сините го симболизираат небото.
Porsche
Ова лого ги претставува боите на германското знаме, името на градот каде што е седиштетот на Порше (Штудгарт) и слика на коњ, симболизирајќи сила и брзина. Штудгарт бил познат и како фарма за одгледување коњи.
Mazda
Името Мазда доаѓа од Aхура Мазда, богот на мудроста и хармонијата во кој верувале раните азиски цивилизации.
Сегашното лого датира од 1998. Стилизираната буква “М” симболизира крилја во лет, односно летот на Мазда кон иднината. Буквата “В” во центарот на логото ја претставува креативноста, долготрајноста, фелксибилноста и страста на Мазда.
Audi
Четирите кругови кои се поклопуваат, ги означуваат четирите компании: DKW, Horch, Wanderer и Audi кои биле дел од Auto-Union Здружението во 1932 година.
VW
Логото на Волксваген се состои од две букви: “V” (Volks) што значи луѓе и “W” (wagen) што значи автомобил на германски. Или едноставно кажано – автомобил за луѓето.
Фото: Pixabay