Програмерите на апликации заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година од продажба на дигитални производи и услуги на App Store, објави американскиот технолошки гигант Apple.
Само минатата година, програмерите заработија 60 милијарди долари, соопшти Apple.
Во јуни минатата година, Apple објави дека во 2020 година, вредноста на издадените фактури и продажбата во екосистемот на App Store се зголемила за околу една четвртина, на 643 милијарди долари.