JPMorgan ги разочара инвеститорите, акциите тонат

Започна сезоната на објавување на деловните резултати на американските корпорации за последниот квартал од 2021 година, а први започнаа некои големи банки.

Профитот на JPMorgan падна за 14 отсто на 10,4 милијарди долари, додека приходот од 30,35 милијарди долари остана непроменет. Прогнозите за 2022 година не се многу високи, повратот на капиталот најверојатно нема да ги достигне проектираните 17 проценти. Акциите паднаа повеќе од шест отсто до 158 долари во петокот.

JPMorgan предупредува дека инфлацијата, омикронот и помалите приходи од инвестициското банкарство ќе бидат голем предизвик за целата финансиска индустрија во наредните месеци.