Ќе се откупува грозјето, 11 денари за смедеревка, 13 за вранец

65

sprecete-go-stareeweto-so-grozjeНа денешната средба на министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со претставниците на винскиот сектор од Република Македонија се разговараше за барањето на лозаропроизводителите за повисоки откупни цени на винското грозје во однос на ланската сезона, соопштуваат од министерството.

За претставницитe на винскиот сектор прифатливо е барањето на лозаропроизводителите за дефинирање на откупната цена согласно шеќерните единици на секоја сорта винско грозје.

Па така, на откупната цена, од претставниците на винскиот сектор била изразена подготвеност откупната цена за смедеревката со 17 шеќерни единици да изнесува 11 денари, а за вранецот со 19 шеќерни единици да изнесува 13 денари, со можност за зголемување на цената согласно шеќерните единици.

Државниот пазарен инспекторат, од оваа недела до крајот на откупната сезона ќе бидат присутни на откупните пунктови за винско грозје, соопштуваат од Министерството за земјоделство.