Вучиќ: Во Србија доаѓаат Mercedes и Bosch

42

mercedes-benz_logoПрвиот потпретседател на српската Влада, Александар Вучиќ изјави дека во Србија ќе стигнат бројни странски компании, меѓу кои се германски Mercedes и една јапонска фирма.

“Сакаме Србија да биде многу посилна економски од она што беше до денес. Разговорите со Mercedes за Икарбус влегоа во завршна фаза, а очекуваме доаѓање на Mercedes и во ФАП во Прибој”, најави Вучиќ во Владата, пренесува Б92.

Според него, во ноември во Пеќинци ќе биде отворена фабрика на Bosch, во која ќе се вработат околу 600 работници и како што наведе, прв пат по 13 години во Србија ќе дојдат и јапонски компании.

“Очекуваме една јапонска компанија од областа на автоиндустријата да отвори 1.000 работни места”, вели Вучиќ.