„Њујорк Тајмс“ го купи Wordle – игра со погодување зборови за која сите зборуваат

„Њујорк тајмс“ ја купи Wordle, игра со погодување зборови која неодамна стана исклучително популарна.

Според „Њујорк Тајмс“, купувањето на Wordle е само еден во низата чекори за да има 10 милиони претплатници на неговото дигитално издание до 2025 година.

Иако не е позната точната сума за која е купена Wordle, се работи за цена која се движи меѓу еден и десет милиони долари. „Њујорк тајмс“ наведува дека се работи за износ во „долната област“ на тој опсег.

Wordle рече дека играта засега ќе остане бесплатна за сите нови и постоечки играчи.

Како се игра Wordle?

Целта на Wordle е да погодите збор од пет букви во шест обиди. Ако го погодите вистинскиот збор на вистинското место, плочката станува зелена. Ако вистинската буква е на погрешно место, добивате жолта боја. Сива значи дека буквата воопшто не е во зборот.

Сè што треба да направите е да ја отворите играта во вашиот интернет прелистувач. Исто така, за корисниците е интересно што добиваат само по една сложувалка дневно. Откако ќе го погодат зборот, не добиваат друга до после полноќ.

Иако Wordle постои речиси една година, тој дури неодамна стана хит. Џош Вордл, програмер од Њујорк, ја дизајнираше играта за себе и за својот партнер. До средината на јануари, играта имаше околу два милиони играчи.

За разлика од многу онлајн игри, Wordle може да се игра само еднаш дневно, па затоа не е можно да се „заразиш“ и да изгубиш многу време.