Продажбата на Nintendo Switch ги надмина оние на неговиот претходник Wii

146

Nintendo продаде 18,95 милиони конзоли за видео игри Switch за деветте месеци до крајот на декември. Вкупните продажби на конзолата на јапонската компанија веќе се над 100 милиони и ги надминуваат оние на претходникот Wii, пренесе Ројтерс.

Продажбата за деветте месеци до декември беше помалку од 24,1 милиони продадени конзоли Switch во истиот период минатата година, но побарувачката за уредот останува силна, и покрај фактот што веќе е на пазарот петта година по ред.

Производителот на видео игри од Кјото сака да го продолжи животниот век на конзолата со лансирање на OLED модел во октомври, кој до крајот на годината беше продаден во речиси 4 милиони единици.

Nintendo ја намали својата годишна прогноза за продажба на Switch на 23 милиони од 24 милиони претходно. Овој потег следи по намалувањето на прогнозата од страна на конкурентите од Sony Group. Главната причина за намалените очекувања е недостигот на компоненти, со кој мака мачат сите производители на пазарот.

Во првите девет месеци од фискалната година, Nintendo продаде 11,8 милиони домашни конзоли Switch и 3,2 милиони од мобилниот Switch Lite.

Во последниве месеци беа направени значајни инвестиции во индустријата за игри, со нови играчи кои се обидуваат да ги привлечат потрошувачите на нивните производи, а етаблираните компании додаваат можности за програмерите со проширување на онлајн игрите и такви, базирани во „облачни платформи“.

Иако не се противи на зделки и превземања, претседателот на Nintendo, Шунтаро Фурукава, рече дека неговата компанија „нема да биде плус за одеднаш да привлеува луѓе кои го немаат начинот на размислување на Nintendo“.

Идејата за таканаречениот „метаверзум“ – виртуелен свет во кој потрошувачите играат, купуваат и работат, ги стимулира инвестициите во индустријата од технолошките гиганти како што е Меtа (матичната компанија на Facebook)

Според Фурукава, Nintendo гледа можности за развој во метаверзумот, но ќе ги земе предвид само кога „изненадувањето и забавата“ кои се во фокусот на компанијата ќе можат да им се обезбедат на потрошувачите.

Оперативните приходи на јапонската компанија за последниот квартал од минатата година се зголемија за 10% на годишно ниво на 252,5 милијарди јени (2,2 милијарди долари), а прогнозата за профитот за целата година беше ревидирана нагоре за 8% до 560 милијарди јени (4,87 милијарди долари).

Nintendo, исто така, објави силна продажба во своите оддели за софтвер. Меѓу насловите кои се очекува да ја поттикнат побарувачката во иднина е играта „Pokemon Legends: Arceus“, која започна на 28 јануари и доби позитивни критики од критичарите.

Продолжението на „Legend of Zelda: Breath of the Wild“, кое е продадено во повеќе од 25 милиони примероци, исто така е закажано за пуштање оваа година.