Голем број на Чеси се упатија во полските продавници откако полската влада привремено го укина ДДВ за голем број основни намирници. Чешките весници го нарекоа „шопинг лудило“, а некои нападот го опишаа како мала „миграција на луѓе“. Во Полска, од 1 февруари, некои основни прехранбени производи, како лебот, месото и млечните производи се ослободени од ДДВ, мерка што треба да биде на сила во наредните шест месеци.
Полската влада го пропиша како одговор на наглиот пораст на цените. Стапката на инфлација достигна 8,6 отсто во декември во споредба со истиот месец во 2020 година. „Ова важи речиси за сите“, изјави чешкиот купувач од пограничниот град Чески Тешин за MF Dnes пред продавница во полскиот град Чиезин.
Многу чешки купувачи, исто така, ги наполнија резервоарите на своите автомобили во Полска, бидејќи Варшава привремено го намали данокот на гориво од 23 на осум проценти. Во исто време, трговците на мало во чешкиот пограничен регион се жалат на големи загуби од продажбата.











