Осумдесет и петгодишниот Силвио Берлускони повторно е најбогатиот политичар не само во Италија туку и во остатокот од Европа.
Со сумата од 50 милиони евра што ја пријавил во даночната управа и понатаму е на прво место по имот (пари, вили, автомобили, акции) и во италијанскиот парламент и во Брисел.
Според последната даночна пријава од 2021 година, која се однесува на претходната година, Берлускони пријавил 50.661.390 евра, т.е. повеќе од три милиони евра отколку во 2019 година.
Истовремено, премиерот Марио Драги пријавил “само“ 528.000 евра.
Целото богатство на Белускони, не само она што е пријавено за 2020 година, е околу 8,3 милијарди долари според листата Wealthy Gorrila што го прави десеттиот најбогат политичар во светот, додека Владимир Путин е на првото место со 70 милијарди долари.











