ХНБ: Банките затвораат филијали, расте бројот на поставени банкомати

46

bankomatПод влијание на неповолното економско движење, банките во Хрватска минатата година, трета по ред, го намалуваат бројот на филијали, бројот на вработени, додека расте бројот на поставени банкомати, објави Хрватската народна банка (ХНБ) во најновиот Билтен за банките, пренесуваат хрватските медиуми.

“Во услови на продолжување на неповолни економски движења, банките и понатаму ги намалуваат општите трошоци на работењето, што вклучува трошоци за вработените и каналите за дистрибуција. Со тоа банките се обидуваат да го ублажат негативниот притисок врз профитабилноста”, наведува ХНБ.

Во последните три години, во Хрватска се затворени 43 филијали и сега нивниот број е 1.254. Со намалувањето на филијалите се намалувал и бројот на вработени во хрватските банки. Во 2012 година бројот на вработени опаднал за 1% или 226 вработени. На крајот на 2012 година, во банките работеле вкупно 21.639 вработени.

За разлика од бројот на филијали, бројот на поставени банкомати се зголемува, па на крајот на 2012 година нивниот број изнесувал 4.083, што е за 2,7% повеќе во однос на истиот период една година претходно. Од вкупниот број, 77% банкомати се на големите банки, а четири мали банки воопшто немаат банкомати.

Според податоците на ХНБ, во 2012 година добивката на банките е намалена за повеќе од една четвртина, а со загуба работеле 13 банки, за четири повеќе отколку во 2011 година.