Се продолжува сезоната за наводнување од ХС Брегалница

45

Поради високите температури и потребата од вода за земјоделските површини, како и по барање на земјоделците од регионот, сезоната за наводнување која требаше да трае до 15 септември ќе биде продолжена.

“Дневно од акумулацијата Калиманци преку хидросиостемот Брегалница до крајните корисници во Виница, Кочани, Штип и Свети Николе се пуштаат по 15 метри кубни вода во секунда, од кои количини 13 метри кубни се пуштаат по десниот магистрален канал, а 2 метри кубни по левиот канал. Од расположивите 115 милиони метри кубни вода на стартот на сезоната за наводнување во месец мај, досега се испорачани 65 милиони метри кубни вода. Значи во акумулацијата Калиманци остануваат уште 50 милиони метри кубни вода кои ке бидат доволни да се заврши успешно сезоната за наводнување”, истакна Зоран Беличев, директор на Водостопанското Претпријатие Брегалница од Кочани.

Од претпријатието потенцираат дека иако наводнителната сезона се одвива според планот, земјоделеците од регионот се уште должат големи суми на пари преку своите Водни заедници.