Членките на ЕУ го затвораат воздушниот простор за сите руски авиони, изјави Матијас Драјс од АРД.
Словенија, Романија, Литванија, Украина, Обединетото Кралство, Бугарија, Полска, Естонија, Летонија и Чешка претходно вчера соопштија дека на руските авиони им е забрането да летаат над нивниот воздушен простор.
Да потсетиме, овие одлуки уследија откако Путин нареди специјална воена операција на територијата на Украина, поради што многу земји решија да воведат санкции кон Русија, но и кон одредени руски функционери и граѓани.











