Сбербанк го напушта европскиот пазар

Сбербанк, голема банка во сопственост на Русија, го напушта европскиот пазар, пренесува АФП.

Одлуката да го напушти европскиот пазар дојде откако банката беше под силен притисок од западните санкции поради руската инвазија на Украина. Сбербанк објави дека европските подружници на банката се соочуваат со „ненормални повлекувања“, пренесе АФП.

Вчера Европската централна банка нареди затворање на европската филијала на Сбербанк. ЕЦБ пред неколку дена предупреди дека „Сбербанк најверојатно ќе пропадне“.