Грешка на Google предизвика хаос на берзата во Њујорк

50

Минатиот четврток тргувањето со акциите на Гугл на берзата во Њујорк предизвикала огромен хаос кај берзанските работници. Тргувањето со акциите било прекинато на два часа, по објавените разочарувачки податоци за вредноста на Гугл во последните три месеци.

Имено, податоците кои биле објавени од страна на Гугл, неколку часа пред официјалното тргување со акциите на Гугл, според берзанските работници биле изненадувачко ниски и тие веднаш реагирале, со тоа што го известиле Гугл за грешката. По неколку минути од Гугл дошло известување во кое се велело дека станува збор за нацрт извештај кој не бил конечен и кој по грешка се испринтал.

Конечната верзија на извештајот била објавена неколку часа подоцна, со сосема истите бројки, но со пратечка изјава од извршниот директор на Гугл, Лари Пејџ, во кое стои „Жал ми е поради денешната грешка, како што кажавме грешката е направена од страна на нашите принтери. Имавме многу добро тромесечие, бројките говарат нешто друго, некоја друга приказна“.

Гугл во последното тромесечие има нето добивка од 2,18 милијарди долари, што е за 20% помалку од очекуваните. Вредноста на акциите на Гугл падна за 8%, на 695 долари за акција.