ЕК подготвува нов пакет санкции – на црната листа ќе се додадат уште руски олигарси и политичари

Европската комисија подготви нов пакет санкции против Русија и Белорусија, чија цел се руските олигарси и политичари, како и три белоруски банки, пренесува Ројтерс.

Извори за новинската агенција потврдиле дека со санкциите, за кои денеска ќе разговараат претставниците на ЕУ на состанокот со почеток во 14 часот, три белоруски банки ќе бидат исклучени од банкарскиот систем СВИФТ, а на црната листа ќе се додадат уште руски олигарси и политичари.  Извозот на поморски технологии од Русија во Европа ќе биде забранет, пренесе „Ројтерс“.

Информацијата ја потврди и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, кој на својот твитер-профил напиша дека целта е да се замрзнат средствата и да се казни ширењето дезинформации.