Цената на гасот во Европа се искачи над 1.250 долари за 1.000 кубни метри за време на денешното тргување, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Во холандскиот центар ТТФ, цената на гасот за испорака во април се зголеми за 7,2 отсто на 1.256 долари за илјада кубни метри, пренесува Тас с.
Тоа одговара на износот од 110 евра за MWh, по тековниот курс на еврото во однос на доларот.