Шолц: Германија нема да ги бојкотира руските енергенти

Германскиот канцелар Олаф Шолц  уште еднаш ги отфрли повиците Германија да ги бојкотира руските енергетски извори поради рускиот напад на Украина.

Шолц изјави дека веќе се воведени санкции кон Русија и дека тие се одразуваат на економијата на таа земја и дека сето тоа „само секој ден ќе биде уште подраматично“, пренесе АП.

Во исто време, санкциите се дизајнирани да бидат „подносливи“ за оние што ги воведуваат, вклучително и на долг рок, додаде тој.