Бернард Арно има 73 години. Извршниот директор на конгломератот LVMH, кој стои зад брендовите Луј Витон и Кристијан Диор, но Moet & Chandon и TAG Heuer, моментално е најбогатиот Европеец. Нето вредноста на неговото богатство се проценува на 155 милијарди долари.
Но, времето на пензионирање се ближи, наследниците се подготвени, а како што проценува магазинот Fortune, сè потсетува на серијата ‘Succession’.
Ова се петте наследници кои еден ден би можеле да го водат LVMH.
Делфин Арно (46)
Таа е потпретседател на Луј Витон.
Кариерата ја започна во McKinsey во Париз, а во 2000 година стекна искуство во модната индустрија работејќи во друштво на дизајнерот Џон Галијано, помагајќи во развојот на брендот. Помеѓу 2001 и 2013 година, таа работеше во Кристијан Диор во одделот за обувки и беше промовирана во заменик генерален директор. Таа е член на уште неколку одбори на компании кои се дел од LVHM
Нејзиниот стил на управување е мирен и има тенденција да ги посетува продавниците кога тие се најпрометни.
Антоан Арно (44)
Раководител за комуникации и имиџ во LVMH. Тој е и претседател на Лоро Пиана и извршен директор на Берлути. Најстариот син ја доби својата прва важна улога во Берлути, трансформирајќи производител на луксузни обувки во бренд за машка облека. На 25 години почнал да работи во маркетинг тимот на LVMH, а основал компании каде главни ликови биле Мухамед Али, Анџелина Џоли, Михаил Горбачов и Боно.
Во 2011 година, тој го лансираше „Les Journees Particulieres“, фестивал кој се одржува во 14 земји и ги охрабрува брендовите LVMH да ги отворат своите врати за јавноста. Според Волстрит журнал, тој е оженет со Наталија Водијанова, руска манекенка и е страстен играч на голф.
Александар Арно (29)
Потпретседател на Тифани. Течно зборува француски, англиски и германски јазик. Дипломирал на Telekom ParisTech и магистрирал иновации на Ecole Politechnique. Неговото дигитално искуство му помогна на модниот конгломерат да го лансира „24 Sevres“, својата платформа за е-трговија. Во 2019 година, тој го зазеде местото на неговиот татко во одборот на директори на Carrefour, француски синџир супермаркети. Конечно, минатата година тој стана извршен потпретседател за производи и комуникации во Tiffany & Co.
Во 2021 година се ожени со Џералдин Џиот, млада дизајнерка, а на нивната венчавка присуствуваа Роџер Федерер, Фарел Вилијамс и Канје Вест.
Фредерик Арно (27)
Извршен директор на TAG Heuer, бренд за луксузни часовници. Студирал на Ecole Politechnique и со пријател водел стартап за мобилно плаќање, кој подоцна го продале на BNP. Потоа му се придружил на TAG Heuer со полно работно време како директор за стратегија. На 25-годишна возраст, тој беше назначен за извршен директор на компанијата, што го прави вториот најмлад Арно на оваа позиција по неговиот брат Александар. Неговиот главен фокус е е-трговијата, која порасна за 329% во 2020 година. Истата година тој се најде во центарот на вниманието на медиумите поради неговата соработка со актерот Рајан Гослинг и двегодишниот договор што актерот го доби за промоција на часовниците.
Тој свири пијано и игра тенис, а течно зборува англиски, италијански и германски јазик.
Жан Арно (23)
Директор за маркетинг и развој на часовници Луј Витон. Најмладиот Арно магистрирал машинство на Империјал колеџ во Лондон и финансиска математика на МИТ. Му предвидуваат светла иднина во деловниот свет.











