Германскиот производител на луксузни автомобили Порше ќе им исплати на работниците бонуси до 7.900 евра.
Поради успешно работење во 2021 година, ќе добијат 50 евра повеќе од минатиот пат, соопштија од компанијата.
Вработените во филијалите на Porsche AG и нивните подружници ќе имаат право на бонус.
Генералниот директор на производителот на автомобили од Штутгарт, Оливер Блуме, при претставувањето на билансот изјави дека минатата година била најуспешната во историјата на Porsche. Прометот скокна за повеќе од 15 отсто на 33 милијарди евра, а крајниот резултат е добивка од четири милијарди евра, по 3,2 милијарди евра во претходната година.