„Работете од дома, возете велосипед, не палете автомобил во недела“ – ЕУ има нови мерки

69

ЕУ ги повикува луѓето да возат помалку, да користат помалку клима и да работат од дома најмалку три дена во неделата за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас.

Од Европската комисија велат дека со мерките што ги разви Меѓународната агенција за енергетика, домаќинствата во просек ќе заштедат близу 500 евра годишно.

Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки, наречен „Играјќи ја својата улога“, ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за изградба на речиси 20 милиони домови, пренесуваат Гардијан.

ЕУ и ИЕА порачуват: „Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за струја поради енергетската криза која беше влошена со војната. Намалувањето на употребата на енергија не е само актуелен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку тие исто така ја поддржуваат Украина со намалување на нејзината потреба за руски гас и нафта, помагајќи да се намалат приливите што ги финансира“.

Се повикуваат граѓаните да:

– во зима го исклучуваат парното, а во лето користат помалку клима;

– приспособете ги поставките на котелот;

– поекономично користете ги автомобилите;

-намалете ја брзината на автопат, со исклучена клима на автомобилот;

– оставете го автомобилот во недела дома;

– пешачете или возете велосипед на пократки растојанија;

– користете јавен превоз и патувајте со воз наместо авиони.