Почна изградбата на Икеа во Загреб

64

ikeaВо Загреб вчера започна изградбата на продажниот центар на шведскиот произведувач на мебел Икеа. За изградба на објектот во Хрватска ќе биде задолжена компанијата Strabag, која на меѓународен тендер доби работа во вредност од 22 милиони евра и веќе има искуство во водење на проекти на изградба на Икеа стоковни куќи ширум светот.

“Пет години по купувањето на земјиштето на шест километри од влезот во Загреб, задоволство ми е да кажам дека отворањето на првата Икеа во Хрватска е на повидок. Со тоа ќе ја заокружиме вкупната инвестиција на Икеа во Хрватска во износ од преку 100 милиони евра”, изјави регионалниот директор задолжен за недвижности и развој, Владислав Лалиќ, пишува Т-портал.

Продажниот центар, на 38.000 метри квадратни ќе нуди преку 9.000 производи за уредување на домот, а во ресторанот со преку 600 места за седење ќе се нудат шведски и локални хрватски јадења. Отворањето се очекува да биде летото 2014 година.