Првиот квартал од годинава, Витаминка како компанија покажа одговорност поради економската криза и ја здржа цената на ниско ниво долг временски период. Претходната цена на Брилијант беше 125 денари за литар, со што внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните. Но, изминативе недели ситуацијата се смени во однос на набавката на суровина од Бугарија и Украина, што останаа единствени алтернативни пазари за нас.
Нерафинираното масло од овие пазари е со значително повисока цена што се одрази и врз малопродажната цена на маслото. И покрај покачувањето, цената на Брилијант е најниска од сите производители на масло на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата доследно ги почитува препораките и се раководи според насоките на Владата за справување со економската криза.
Новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина, чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред два до три месеца цената се движеше од 1.200 до 1.500 евра за тон. Малопродажната цена на маслото, што е берзански производ, зависи од движењата на цените на светските берзи.
Поради увозот од Србија, кризата со маслото за јадење се смирува и нема потреба граѓаните да прават залихи.