Најголемата приватна банка во Лихтенштајн дозволува инвестиции во криптовалути

75

Водечката приватна банка во Лихтенштајн, LGT Bank, соработува со SEBA Bank за да им понуди директни инвестиции во дигитални средства на своите клиенти.

Криптовалутите вклучени во иницијативата се двете најголеми според пазарната капитализација – Bitcoin и Ethereum.

Финансиската институција забележа дека побарувачката за дигитални средства нагло се зголемила во последниве години. За да се справи со зголемениот интерес, LGT им дозволи на своите клиенти да инвестираат директно во две криптовалути, Bitcoin и Ethereum.

Роланд Мет, извршен директор на банката, по тој повод вели: „Многу сме задоволни што можеме да им понудиме на нашите клиенти удобен пристап до овие пазари додека ги одржуваме највисоките безбедносни стандарди. Работевме интензивно на овој предлог. Криптовалутите се уште се во фаза на динамичен развој. Затоа, LGT најпрво ги создаде соодветните, неопходни процеси и рамка за овој тип на инвестиции“.

LGT објасни дека правилата за инвестирање во криптовалути ќе бидат исти како и инвестирањето во традиционални средства. Луѓето ќе ја добиваат истата документација за даночните пријави, додека до средствата ќе може лесно да се пристапи кога продаваат. Клиентите на LGT нема да мора да се грижат за приватните клучеви и лозинки, бидејќи банката ќе ги задржи нивните средства.

Првично, опцијата е достапна само за избрани клиенти (професионални или постојани клиенти на менаџери на средства) на LGT Bank со седиште во Лихтенштајн или Швајцарија. Поради побарувачката во други области, банката настојува да ја прошири понудата во повеќе земји.

Партнер на LGT во овој потег е швајцарската компанија за дигитални средства SEBA Bank. Извршниот директор на SEBA, Франц Бергмилер, рече дека мешавината помеѓу опсегот на услуги на LGT и „највисоките безбедносни стандарди“ на SEBA ќе им овозможи на клиентите да истражуваат во универзумот на криптовалутите.

„Среќни сме што можеме да го поддржиме LGT во проширувањето на своите услуги за дигитални средства“, заклучи тој.