Прв Форум со работодавачи во општина Илинден

68

Проектот Форум со работодавачите започна со реализација во општина Илинден, која е воедно и прва општина во државава каде се реализаира овој проект.

Форумот се одржа во просториите на општината, а на настанот покрај градоначалникот Жика Стојановски присуствуваа и дваесеттина претставници на бизнис секторот кои имаа можност да се запознаат со стратегиите и политиките за вработување на Владата на Република Македонија, како и планираните активности за вработување и ублажување на невработеноста.

На средбата претставниците на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ, Националниот совет за претприемништво и конкурентност на присутните работодавачи им ги презентираа активните програми и мерки за вработување.

Работодавачите имаа можност да дадат свои забелешки, предлози и сугестии, кои што можат да бидат дел од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2014 година.