Словенците очекуваат 13 милиони евра чист профит од EuroBasket 2013

12

img4413Во Словенија утре започнува Европското првенство во кошарка, а словенечките медиуми проценуваат дека во земјата ќе допатуваат преку 30.000 странски навивачи. Само приходот од ноќевања се проценува на 11 милиони евра. Ако се задржи европскиот просек на потрошувачка на спортските туристи од 80 евра на ден, во Словенија навивачите ќе остават 13 милиони евра.

Иако се очекуваше дека хотелите, рестораните и кафулињата ќе ги подигнат цените во текот на Евробаскетот, според најавите на словенечките медиуми, повеќето од угостителите не размислуваат за тоа. Некои од нив дури се подготвени да ги намалат цените на пијалоците за да привлечат што повеќе навивачи.

Трошоците за организација на првенството се проценети на 15 милиони евра, а Словенците очекуваат околу 13 милиони чист профит.

Првенството ќе трае до 22 септември, а натпреварите ќе се играат во четири градови, Љубљана, Копер, Цеље и Јесенице.